Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 20.11.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ НА ОМБУДСМАНИТЕ ОД БАЛКАНОТ 19.11.2018

19.11.2018, Софија, Република Бугарија

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ НА ОМБУДСМАНИТЕ ОД БАЛКАНОТ

Заменик народониот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа заедно со тројца претставници од канцеларијата на Народниот правобранител учествува на Регионалниот форум на Омбудсманите од Балканот, кој под покровителство на Омбудсман канцеларијата на Република Бугарија се одржа во Софија, а на кој Институцијата Народен правобранител на Република Македонија имаше улога на коиницијатор.

На Форумот беше договорено формирање на платформа за вмрежување на Омбудсман институциите од регионот на Југоисточна Европа.Оваа неформална мрежа има за цел размена на искуства и пракси, но и заедничко дејствување по прашања од интерес на овие национални институции за човекови права.

За официјализирање на оваа мрежа се потпиша Декларација од страна на Омбудсманите на Бугарија, Македонија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Србија, Романија, Молдавија, Хрватска, додека Босна и Херцеговина својот влез во мрежата ќе го потврди по внатрешен консензус на тројцата национални омбудсмани.

На Форумот договорено е претседавањето со мрежата да биде ротирачко, на секои шест месеци, а следната средба од ваков вид ќе се одржи во мај, следната година во Букурешт, Република Романија.

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија