Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 20.11.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НЕРЕЗИДЕНТНАТА АМБАСАДОРКАТА НА КАНАДА, Н.Е. КЕТЛИН ЧАБА 08.11.2018

08.11.2018, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НЕРЕЗИДЕНТНАТА АМБАСАДОРКАТА НА КАНАДА, Н.Е. КЕТЛИН ЧАБА

Народниот правобранител, г.Иџет Мемети, оствари средба со нерезидентната амбасадорка на Канада за Република Македонија, г-ѓа Кетлин Чаба, која должноста ја извршува од седиштето во Белград, Република Србија, која деновиве престојува во нашата земја.

На средбата, народниот правобранител, г. Мемети ја запозна амбасадорката со новите надлежности на Институцијата, новите мандати и кадровскита зајакнувања
.
Исто така, народниот правобранител ја запозна амбасадорката со плановите и идеите за натамошната работа на институцијата Народен правобранител, со цел ефикасна заштита на правата на граѓаните на Република Македонија.

Амабасадорката г-ѓа Кетлин Чаба, покажа голем интерес за работата на Омбудсманот, неговите надлежности, како и за постапувањето по претставките од граѓаните, како еден од начините за остварување на правата на граѓаните преку оваа независна институција.

Таа срдечно се заблагодари на разговорот и на исцрпните податоци коишто ги доби од народниот правобранител за состојбата со човековите права во Република Македонија.

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија