Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 20.11.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ДЕКАДАТА НА РОМИТЕ: ТЕКОВНА СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ“ 07.11.2018

07-08.11.2018, Скопје

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ДЕКАДАТА НА РОМИТЕ: ТЕКОВНА СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ“

„Ромите се дел од мултиетничка Македонија, граѓани на оваа држава со свој јазик, културни вредности и традиции, кои ги негуваат на секаде. Овие граѓани, како дел од нашите општества, отсекогаш се соочуваат со проблеми во пристапот и остварувањето на слободите и правата. Притоа, нивната перцепција на маргинализираност и нееднаквост, чувството дека не им се посветува вниманието кое го заслужуваат, за жал се уште е присутно, иако изминува трета година по завршувањето на десетгодишниот процес за подобрување на состојбата на Ромите и нивна интеграција во општеството.“

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети, на отворањето на дводневната Регионална конференција насловена како „Инклузија на Ромите по завршување на декадата на Ромите:Тековна состојба и предизвици“, што се одржа во Скопје.

Според Мемети, Народниот правобранител во своето 20 годишно постоење, низ годините, во континуитет алармираше за неповолната состојба на Ромите во сите базични области од општественото живеење, и активно ја следеше реализацијата на активностите од Акциските планови во постоечките политики за маргинализирани групи.

„Констатациите од нашето работење, укажуваат на ранливост и маргинализација на Ромите кои се уште живеат во голема сиромаштија, во тешки и несоодветни услови, во субстандардни и импровизирани живеалишта, без соодветен довод на вода за пиење, со проблеми во матичната евиденција, без можност за вработување, отежнат пристап до права од здравствена заштита, ниска здравствена писменост, нелегализирани ромски населби и сл.“ додаде народниот правобранител, г. Иџет Мемети.

Зборувајќи на тема „Состојбата на Ромите преку постапување на Народниот правобранител“, заменик- народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска –Мустафа, посочи дека од вкупно 19 области на постапување, праксата на Народниот правобранител покажува дека Ромите најчесто поднесуваат претставки поради неможноста за остварување на права од социјалната и здравствената заштита,правосудството,потрошувачките права и полициските овластувања.

„Следејќи ги општите сотојби неспорна е констатацијата дека Ромите и натаму се соочуваат со бројни проблеми во остварувањето на правата, пред се поради нерешеиот државјански стаус и немањето документи за лична идентификација, а голем е бројот и на децата Роми кои не се запишани во матичната книга на родени“ посочи во своето излагање заменик-народниот правобранител, г –ѓа Васка Бајрамовска Мустафа.

Држаниот советник од канцеларијата на Народниот правобранител м-р Драги Целевски го презентираше истражувањето  направено за потребите на институцијата со цел согледување на резулатите од Декадата на Ромите во сегментите образование, здравствена заштита, домување,  вработување како и за користењето на средствата предвидени во буџетот за оваа намена
.
На конференцијата беше договорено согледаните сосотојби да бидат претставени во посебен извештај кој ќе биде доставен до Владата на Република Македонија со цел преземање на мерки за решавање на констатираните проблеми, а учесниците од земјите од регионот се договорија да изготват вакви извештаи кои ќе ги достават до своите влади.

Исксутвата од земјите од регионот на ова тема ги споделија претставници на омбудсман институциите на Република Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Албанија,Косово и од Федерацијата Босна и Херцеговина.За искуствата во ова сфера пак зборуваа голем број на невладини организации.

Инаку, Конференцијата беше во организација на канцеларијата на народниот правобранител, финансиски поддржана од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, преку амбасадата на оваа земја во Република Македонија.

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија