Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ Г.ЈАН ПЕТЕРСЕН, ШЕФ НА МИСИЈАТА НА ОДИХР 07.09.2018

07.09.2018, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ Г.ЈАН ПЕТЕРСЕН, ШЕФ НА МИСИЈАТА НА ОДИХР

Народниот правобранител г.Иџет Мемети оствaри средба со амбасадорот г. Јан Петерсен, шеф на ОДИХР Мисијата во Скопје, на која се разговараше за претстојниот референдум закажан за 30 септември, подготвеноста на институциите одговорни за негова организација и непреченото остварување на правото на глас на секој граѓанин на Република Македонија.

Во контекст на значењето и потребата од позајакната заштита на избирачкото право на граѓаните, Народниот правобранител и во оваа пригода повторно го искажа своето видување дека засегнатите институции треба заедно да работат со цел избегнување на нерегуларностите што се пројавуваа на претходните избори, односно за прекршеното или неостварено право на глас. Тој, понатаму, констатираше дека пропустите во делот на избирачкиот список за жал и понатаму се провлекуваат, како и слабата координација помеѓу Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи.

Во насока на остварување на избирачкото право и пријавување на нерегуларностите, правобранителот Мемети го информираше амбасадорот Петерсен дека и за претстојниот референдум ќе биде отворена бесплатна телефонска линија на која граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите нерегуларности и неправилности, за што ќе бидат информирани преку Соопштение.

Правобранителот г. Иџет Мемети и амбасадорот г. Јан Петерсен договорија поблиска меѓусебна соработка и комуникација во периодот пред референдумот со цел заеднички придонес кон остварување на правото на глас на секој граѓанин и непречен тек на целиот процес.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија