Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕТЕКТИВИ И КРИМИНАЛИСТИКА, ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ 04.09.2018

04.09.2018, Скопје

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕТЕКТИВИ И КРИМИНАЛИСТИКА, ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ

Народниот правобранител на Република Македонија, г.Иџет Мемети и деканот на Факултетот за детективи и криминалистика при Европски универзитет – Република Македонија, проф. д-р Атанас Козарев, водени од потребата за меѓусебна соработка заради ефикасно спроведување на своите надлежности утврдени со Закон, како и ефикасна соработка која ќе придонесе за размена на искуствата, склучија Меморандум за соработка на полето на едукација, обука, придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.

Потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на високо- образовната, научно-истражувачката и апликативната дејност, Народниот правобранител на Република Македонија и Факултетот за детективи и криминалистика, Европски универзитет – Република Македонија, со Меморандум ја уредија соработката во изработка на заеднички истражувачки проекти, во давање на стручни и научни мислења и пружање стручни консултации во врска со спроведувањето на обуки и стручни усовршувања на вработените на Народниот правобранител и меѓусебна поддршка во организација на семинари, научни собири, тркалезни маси и друг вид на настани од заеднички интерес.

Исто така, во насока на соработка и реализацијата на наставно-научниот процес, кадрите на Народниот правобранител на покана ќе изведуваат предавања на студентите од прв и втор циклус на студии на Факултетот за детективи и криминалистика, Европски универзитет – Република Македонија, како и изведување на практична настава на студентите на Факултетот за детективи и криминалистика, Европски универзитет – Република Македонија

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија