Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • 01.04.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ И...

    повеќе
  • 01.04.2019

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ЗАВРШИ ДЕСЕТТИОТ СОСТАНОК НА ЧЛЕНКИТЕ НА АОМ СО УСВОЈУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈА И ИЗБОР НА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИТЕ ТЕЛА 01.06.2018

29.05-01.06.2018, Скопје

ЗАВРШИ ДЕСЕТТИОТ СОСТАНОК НА ЧЛЕНКИТЕ НА АОМ СО УСВОЈУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈА И ИЗБОР НА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИТЕ ТЕЛА

Со усвојување на таканаречена Декларација од Скопје и избор на нови членови на управните тела на први јуни, во Скопје заврши јубилејниот десетти состанок на Асоцијацијата на Омбудсманите на Медитеранот, на кој се дискутираше на темата „Народниот правобранител како заштитник на социјалните, културните и еколошките права“.

Претставниците од земјите членки на Асоцијацијата ги споделија искуствата од работата во поглед на заштитата на социјалните права и на ранливите групи, потоа на културните права, а последниот ден се дискутираше за тоа како може омбудсманот да дејствува на полето на екологијата, односно како може да им помогне на граѓаните во остварувањето на правото за живот во здрава и чиста средина.

Последниот ден се одржа и Генералното собрание на Асоцијацијата, на кое беа избрани новите члнови на управните тела. Така, за нов претседател на АОМ е избран омбудсманот на Република Грција г. Андреас Потакис, прв потпреседател во наредниот период ќе биде омбудсманот на Кралството Шпанија г. Франциско Фернандес Маруган, додека за втор потпретседател е избран омбудсманот на Република Албанија г-ѓа Еринда Баланца. Во Управниот одбор на АОМ ќе членуваат Република Македонија, Република Франција, Израел, Палестина, Кипар, Тунис и Словенија, а договорено е секретаријатот и финансиите да го преземе канцеларијата на омбудсманот на Малта.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија