Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ НА ОПШТИТЕ АКТИ НА НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГИ УСВОИ МЕРКИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ - 20 ГОДИНИ ОД ВОСТАНОВУВАЊЕТО НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 01.06.2018

30.05.2018, Скопје

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ - 20 ГОДИНИ ОД ВОСТАНОВУВАЊЕТО НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

По повод јубилејот - 20 години од востановувањето на институцијата Народен правобранител во Република Македонија, во Собранието на Република Македонија се одржа пригодна свеченост, на која присуствуваа голем број гости од институции од земјата, дипломати, како и омбудсманите од регионот и од земјите членки на Асоцијацијата на Омбудсмани на Медитеранот.

„Како народен правобранител и прв човек на оваа институција, која веќе  четиринаесет години ја предводам, особено сум горд што останав доследен на мојата мисија - заштита на слободите и правата на граѓаните, а притоа справувајќи се со сите промени и потешкотии кои ги носеа изминатите години. Низ целиот период на развојот на Институцијата се соочувавме со бројни предизвици и поминувавме низ многу премрежја“.

„Изминатите години не само што ги штитевме човековите слободи и права, ние и ги промовиравме, иако немавме таков мандат. Сепак и на ова поле постигнавме напредок, најнапред преку разни проекти поддржани од нашите меѓународни пријатели, а со новите измени добивме мандат и за промоција“ – рече, меѓудругото, народниот правобранител, г.Иџет Мемети.

На свеченоста, покрај народниот правобранител, свое обраќање имаше и претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, кој истакна дека човековите слободи и права се принципи и стандарди врз кои се гради сегашноста, но и иднината на човековата цивилизација.

„Во овие 20 години, ако малку ја погледнеме статистиката, до Народниот правобранител се обратиле на 123 илјади граѓани. Ова зборува за тоа дека, институцијата Народен правобранител, кај нас стана препознатлива за граѓаните“ - рече претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери.

Исто така, на свеченоста присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, г.Зоран Заев, кој честитајќи го јубилејот, истакна дека Институцијата ја има целосната поддршка за ефикасно и достоинствено функционирање.

„Народниот правобранител, како институција најдостапна за граѓаните, мора да дозволиме да стои на браникот на заштитата на човековите слободи и права“ - рече во својот поздравен говор претседателот на Владата на Република Македонија, г.Зоран Заев .

На присутните, преку видео порака честитки за јубилејот упати и европската омбудсманка, г-ѓа Емили Орајли, а од името на Асоцијацијата на Омбудсманите на Медитеранот се обрати претседателката г-ѓа Еринда Баланца, која воедно е и омбудсман на Република Албанија.

Во име на комесарот за човекови права на Советот на Европа, г-ѓа Дуња Мијатовиќ, свое обраќање имаше г-ѓа Бојана Урумова, заменик -директор на Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Советот на Европа.

Во вториот дел од свеченоста се одржа панел дискусија на тема „Институцијата Народен правобраниел во Република Македонија:почетоци, развој и предизвици“.

На панел дискусијата учествуваа народниот правобранител г.Иџет Мемети, поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија г. Тито Петковски, претседателката на Европската мрежа на национални институции за човекови права( (ЕННХРИ) г-ѓа Лора Видовиќ, омбудсман на Република Хравтаска, омбудсманот на Босна и Херцеговина г-ѓа Јасминка Џумхор, како и поранешниот омбудсман на Република Албанија г.Ермир Добјани, и претседателот на Здружението на новинари на Република Македонија г.Насер Селмани.
                            


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 43
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија