Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 17.04.2018

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ЗАЧЕСТЕНИТЕ СЛУЧАИ НА НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 29.03.2018

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ...

    повеќе
  • 16.02.2018

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ НА СЕКСУЛАНА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА МЕЃУНАРОДНИ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, Г-ЃАТА АНА РУРКА 27.03.2018

27.03.2018, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА МЕЃУНАРОДНИ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, Г-ЃАТА АНА РУРКА

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствaри средба со претседателката на Конференцијата на меѓународни невладини организации, г-ѓата Ана Рурка и нејзиниот колега, г. Кристоф Спренг.

На состанокот правобранителот г.Мемети одблизу ја запозна г-ѓата Рурка со развојот на институцијата Народен правобранител низ годините и  надлежностите што институцијата ги има по однос на заштитата и унапредувањето на човековите права и слободи.

Тој, истовремено, ја нагласи и одличната соработка на институцијата со невладините организации во Македонија и ја пофали нивната висока професионалност, стручност и активност.

Г-ѓа Рурка ја појасни работата на ова тело кое функционира во рамките на Советот на Европа и кое има за цел да го зајакне пристапот на граѓаните до своите права, особено онаму каде се забележува неправда кон граѓанскиот сектор, а особено кон ранливите групи на граѓани. Главната цел на работењето на ова тело на Советот на Европа, е да се обезбеди почитување на човековите права и спроведување на социјалните и културни права во законодавството на земјите-членки на Советот на Европа.

Правобранителот Мемети, истакна дека институцијата Народен правобранител активно соработува со повеќе невладини организации, со кои има потпишано Меморандум за соработка и со кои реализираше низа активности. Воедно, и најновите надлежности на Институцијата ќе бидат спроведени во тесна соработка со претставници на невладиниот сектор.

Соговорниците договорија понатамошна комуникација и соработка на полето на човековите права, со цел подигање на јавната свест и унапредување на човековите слободи и права во Република Македонија.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија