Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2017 ГОДИНА 29.03.2018

29.03.2018, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2017 ГОДИНА

„Од минатогодишната работа произлегуваат неколку исклучително важни констатации:селективната правда е се поприсутна, партизираната и непрофесионална јавна админситрација на централно, а особено на локално ниво е сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, популистичките и неприменливите правни прописи дополнително го отежнуваат остварувањето на правата на граѓаните, лошиот систем на извршување особено го погодува најсиромашниот слој граѓани, социјалната заштита останува систем со кој не се надминува социјалниот ризик, имаме појава на дискриминација по сите основи, неефикасно судство и обвинителство, но и полиција која со примена на сила ги надминува своите овластувања, останувајќи неказнета“.

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител, г.Иџет Мемети во своето Излагање на прес-коференцијата на која го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2017 година.

Народниот правобранител, г.Иџет Мемети инфирмираше дека минатата година институцијата работела по  4.185 преставки, од кои 3.223 биле примени во 2017 година, 49 биле отворени по сопствена иницијатива, а останатите биле префрлени од 2016 година.

„Правната регулатива за јавната администрација, како и пратизираната и непрофесионална структура, во пракса создава сериозни проблеми за граѓаните. Го повикувам министерот за информатичко општетство под итно да пристапи кон порадикални и конкретни промени во овој ситем, со што ќе обезбеди стручна и ефикасна администрација“, рече Мемети.

Зборуваќи за состојбите во правосудството тој истакна дека тоа останува област во која граѓаните најмногу се жалат, па затоа препорача измени на Законот за управните спорови и воведување на императивни одредби за задолжително одржување на јавните расправи и мериторно одлучување за управните спорови.

„Во оваа пригода сакам да ја информирам јавноста и за попречување на работата на Народниот правобранител во имплементација на новата надлежност да дејствува како „пријател на судот“. „Препорачувам да престане ваквата пракса на судовите, затоа што грубо се попречува работата на Народниот правобранител“, истакна народниот правобранител г.Иџет Мемети.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија