Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.12.2017

    ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕЗЕМЕНИТЕ МЕРКИ И КОНСТАТИРАНИТЕ СОСТОЈБИ ОД ПОСТАПУВАЊЕТО ПО...

    повеќе
  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БЈАРАМОВСКА-МУСТАФА  ОДРЖА ОБУКА ЗА ЗАШТИТА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА 21.12.2017

21.12.2017, Скопје

ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БЈАРАМОВСКА-МУСТАФА ОДРЖА ОБУКА ЗА ЗАШТИТА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Заменик народен правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа одржа обука  за спречување и заштита од дискриминација на претставници на повеќе невладини организации од Куманово, Штип, Прилеп,  и Велес, кои работат со ранливи категории граѓани- жени, лица со попреченост  и деца припадници на ромската етничка заедница. Оваа активност е дел од проектот  „Спречување на дискриминација кон ромските деца“, во организација на Националниот ромски центар (НРЦ) , - Куманово,  за што е склучен Меморандум за соработка со Народниот правобранител.

Заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа ги запозна учесниците со домашната правна регулатива за заштита од дискриминација, инструментите и институциите за заштита, видовите и појавните облици на дискриминација, укажувајќи на потребата од препознавање на дискриминаторско однесување и охрабрување на граѓаните да ги пријават ваквите случаи.

Информирајќи ги за постапувањето на Народниот правобранител  во заштита од дискриминација, преку студии на случаи, учесниците беа известени за начините на обраќање пред оваа институција, улогата и надлежностите на Народниот правобранител, како и за новите надлежности, во насока на вршење промоција на човековите права и слободи, со цел поголема информираност на граѓаните за правата и органите пред кои може да побараат заштита.  


Пребарување

Кaлендар на настани

јануари 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 8
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија