Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ЗАМЕНИК - НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА НА СОБРАНИСКАТА ПОСТОЈАНА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ 13.12.2017

13.12.2017, Скопје

ЗАМЕНИК - НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА НА СОБРАНИСКАТА ПОСТОЈАНА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ

„Народниот правобранител постапувајќи по голем број претставки од граѓани, особено во перидот крај на 2012 до 2015 година, утврди дека ограничувањето на правото на слобода на движење особено беше воочливо кај припадниците на ромската етничка заедница.  Овие граѓани биле вратени од граничните премини и од аеродромот, иако имале уредни повратни авио билети и друга потребна документација. Припадниците на ромската заедница биле симнувани  од превозните средства и задржувани, без притоа граничните полицајци да имаат посебен повод и без да им се даде детално објаснување од страна на овластените службени лица за причината за нивното задржување и враќање назад. Поплакните на овие граѓани беа и за несоодветно однесување на овластените службени лица кои ги навредувале патниците - Роми по етничка основа, а при посетите и разговорите во нашата канцеларија, граѓаните -Роми укажуваа дека граничните полицајци самите им кажале дека добиле усна наредба од претпоставените да не дозволуваат Роми да ја преминуваат границата, освен во исклучителни случаи (не наведувајќи кои се тие случаи). “

Ова, меѓу другото го истакна заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајромска- Мустафа на јавната расправа на тема „Прашањето на ограничување на правото на слободно движење и дискриминација на граничните премини кон граѓаните од ромската етничка зедница“ што се одржа во рамките на седницата на Постојаната  анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните во Собранието на Република Македонија.

Зборувајќи на оваа тема заменикот  народоден правобранител  г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа рече дека народниот правобранител оценил дека на полициските службеници на граничните премини им се дадени големи дискрециони овластувања, особено што  врз основа на „проценка“ од нивна страна се дозволува или не се дозволува граѓани да заминат надвор од државата, при што наместо  да добијат образложена одлука во писмена форма како би можел засегнатиот граѓанин да бара натамошна заштита на правата, добиваат само усмен одговор дека не може да продолжат понатаму.

„Во насока на надминување на оваа состојба и елиминирање на каков било сомнеж за селективност и дискриминација Народниот правобранител укажа и на потребата од унапредување на работата на граничните службеници со специјализирани видови на обука и тренинг за справување со ситуации, со цел спречување на дискриминациско постапување кон граѓаните, не само на етничка и расна основа, туку и по кој било друг основ, како и соодветна обука за можноста од профилирање на сомнителни лица или групи кои би можеле да придонесат кон несакани последици по угледот и реномето на државата.“ истакна Бајрамовска-Мустафа.

По дискусијата во која учествуваа пратеници, преставници на Министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за правда, Хелсиншкиот комитет и претставници од невладини организации и мисии, беа усвоени 14 заклучоци со цел надминување на констираните негативни состојби.

ЗАКЛУЧОЦИ


  • 1. Прекинување и осудување на  праксата на системска дискриминација врз основ на етничката припадност и расното профилирање на Ромите на граничните премини, независно од личните предрасуди и стереотипи на овластените службени лица. Притоа расното профилирање се разбира согласно Општата препорака бр.11 на Европската комисија против расизам и нетолеранција на Советот на Европа и значи „користење од страна на полицијата на основи како што се раса, боја на кожа, религија, националност или национално или етничко потекло при контрола, набљудување или истражни активности, без објективно и разумно оправдување”;

    2. Усогласување на националните политики кои се однесуваат на граничните контроли и миграциите со меѓународните стандарди, а посебно судската пракса на Европскиот суд за човекови права;

    3. Надградба на нормативата со цел уредување и дефинирање на основи кога може да се спречи излез од државата и соодветна постапка за донесување на образложена одлука во писмена форма во случај кога нема да биде дозволен излез од државата, во согласност со членот 27 став 3 од Уставот на РМ. Со ваква мерка ќе се обезбеди правна сигурност за граѓаните, предвидливост во примената на законите и гарантирање на правото на жалба против ваквата одлука;

    4. Обезбедување усогласеност на писмените правилници, протоколи и упатства кои го уредуваат работењето на припадниците на МВР и проценката на ризик со меѓународните стандарди кои забрануваат расно профилирање при вршењето на полициските должности; 

    5. Обезбедување на ефикасна истрага во случаи на наводна расна дискриминација и расно-мотивирано противправно постапување на полицијата од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи како и јавното обвинителство;

    6. Создавање на законски предуслови за остварување на ефикасен пристап до правдата за жртвите на дискриминацијата преку добивање на бесплатна правна помош и системи за поддршка, од страна на државата;

    7. Собранието преку надлежните комисии и стручната служба активно да се вклучи во разгледување на прашањето на дискриминација на Ромите на граничните премини со организирање на надзорна расправа, формирање на Анкетна комисија и разгледување на прашањето пред Комитетот за односи меѓу заедниците;

    8. Да се измени Законот за полицијата во насока на обезбедување на задолжително носење на идентификација со име и презиме на секое овластено службено лице;

    9. Обезбедување на законски услови со кои правото на азил нема да се ограничува арбитрерно од страна на државата и да се прејудицира од 3 страна на овластените службени лица дали некој би има статус на барател на азил или не;

    10. Од страна на Министерството за внатрешни работи преку Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди да се преземат активности за јакнење на капацитетите и компетентноста на службените лица за гранична контрола за принципот на недискриминација и расното профилирање преку едукативни содржини и работилници систематизирани во Акциски план;

    11. Министерството за внатрешни работи да спроведе истражувања за расното профилирање и да се мониторираат полициските активности со цел идентификување на практиките на расното профилирање, вклучително преку собирање на податоци разделени по дискриминаторски основи за релевантните полициски активности;

    12. Промена во јавниот дискурс креиран од повеќе национални медиуми кој создава искривена слика за Ромите како потенцијална опасност за укинување на безвизниот режим во државата. Во таа насока, Министерството за внатрешни работи да пристапи кон изработка и дистрибуција на информативни материјали за правата и обврските на лицата кои ги преминуваат граничните премини, документите потребни за излез, како и механизмите за заштита при повреда на правата од страна на овластените службени лица на граничните премини;

    13. Конечно, се препорачува сите надлежни органи и институции и сите други субјекти кои можат да придонесат во надминување на состојбата со расното профилирање на Ромите на граничните премини во државата да покажат иницијатива, посветеност и соработка во насока на реализација на овие препораки;

    14. Да се зголеми познавањето на судиите во РМ за правниот систем на ЕУ, различните видови прописи на ЕУ, правното дејство на овие прописи во РМ и нивната применливост во процесот на пристапување на РМ кон ЕУ.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија