Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ  НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „АМЕРИКАН КОЛЕЏ“ ВО СКОПЈЕ 22.11.2017

22.11.2017, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „АМЕРИКАН КОЛЕЏ“ ВО СКОПЈЕ

Народниот правобранител г. Иџет Мемети одржа предавање пред студентите од додоплимски и постдипломски студии на факултетот за Правни науки при Универзитетот „Американ колеџ“ – во Скопје на тема „Новиот Закон за народниот правобранител и новите надлежности на институцијата“.

Правобранителот ги запозна студентите со поставеноста на институцијата, надлежностите и начините на постапување по претставките на граѓаните. Посебен акцент стави на последните измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител во делот на имплементирањето на неговите општи препораки, односно обврската на Парламентот при разгледувањето на Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права да утврди мерки со кои ќе ја задолжи Владата да ги поодбри состојбите со човековите права.

Исто така, народниот правобранител г.Мемети зборуваше и за потребата за поголема финансиска независност на институцијата,зајакнување на кадровските капацитети со огладе на добивањето на новите надлежности како што е промоцијата и пријател на судот, како и за обврската на Владата во иднина по приемот на посебниот извештај за попречување на работата на народниот правобранител, или на посебниот извештај за непочитување и неспроведување на неговите барања, предлози, мислења препораки , на посебна седница да расправа за нив и да заземе став, а за преземените мерки да го извести народниот правобранител. Тој исто така, запозна студентите и за надежностите и на Националниот превентивен механизам.

Студентите посебно се интересираа за тоа какви се механизми може да употреби Народниот правобраните при спроведувањето на неговите препораки.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија