Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОСЕТА НА  СТУДЕНТИ ОД „МИТ“ УНИВЕРЗИТЕТОТ  НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ 06.11.2017

06.11.2017, Скопје

ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД „МИТ“ УНИВЕРЗИТЕТОТ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Студенти од Факултетот за безбедносни науки при „МИТ“ Универзитетот, под менторство на доц. д-р Кире Бабаноски ја посетија  канцеларијата на Народниот правобранител, при што остварија средба со заменик  народниот правобранител г-ѓа. Васка Бајрамовска- Мустафа.

Посетата беше организирана во рамките на  наставата по предмети од областа на безбедноста, особено контролата и надзорот над безбедностиот систем. Па така, во рамките на посетата студентите проследија презентација за функциите, делокругот на надлежности и улогата на Народниот правобранител во превенција, промоција и заштитата на човековите слободи и права, со посебен акцент на полициските овластувања, соработката со Народниот правобранител, заштитата од дискриминација и начелото на соодветна и правична застапеност.

Студентите меѓу другото, пројавија интерес за начинот на кој се  врши прием на  граѓаните во институцијата и постапувањето по поднесени претставки, особено за ефикасноста на инструментите кои Народниот правобранител ги користи за контрола на работата на органите на државната управа и органите и организациите со јавни овластувања.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија