Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

27.10.2017

27.10.2017, Скопје

ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА ПРМОЦИЈА НА КАМПАЊАТА ДОСТА Е!

Заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа учествуваше на интерактивната работилница со  ученици од кумановските основни и средни училишта, како прв дел од имплементацијата на кампањата под мотото „ Доста е. Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“! која се спроведува со поддршка на Советот на Европа, како дел од програмата Roma Prade, во организација на Националниот ромски центар од Куманово.

Со оваа активност се отпочна кампањата за намалување на дискриминацијата кон ромската етничка заедница, при што преку средби со ученици од повеќе етнички заедници се врши нивна едукација за правата на детето и принципите на Конвенцијата за правата на детето, со цел зајакнување на нивните знаења  и препознавање на дискриминацијата и механизмите за заштита.

Заменикот народен правобранител г-ѓа  Васка Бајрамовска- Мустафа на оваа работилницата со учениците ги отвори прашањата за стереотипите и предрасуди кон Ромите, наспроти начелото на еднаквост и забрана на дискриминација во мултиетниетничка средина, при што потенцира дека оваа негативна појава се уште постои и тоа по разни основи, особено по  основ на етничка припадност.

За да се намали дискриминацијата, според заменик народниот правобранител, потребни се заложби за повеќе кампањи за подигање на јавната свест на граѓаните, за едукација на децата и на граѓаните, за еднаквост и заштита од дискриминацијата.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија