Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

06.10.2017

05.10.2017, Куманово

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА НАСТАН ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ РОМСКИ ЦЕНТАР КУМАНОВО

Народниот правобранител г.Иџет Мемети учествуваше на настан на тема „Ајде да зборуваме за дискриминација“, во организација на здружението Национален ромски центар од Куманово.

Во своето обраќање до присутните тој истакна дека дискриминацијата е доста присутна во последните неколку години, кога и зачестија реакциите на припадниците на различни етнички и маргинализирани групи дека не се чувствуваат еднакви со останатите.

„Понижувањето, болката, но и немоќта кај жртвите од дискриминација, подеднакво е непријатно, како и физичкото насилство и несомнено остава последици врз физичкото, психичкото и емоционално здравје на поединци или група на луѓе-жртви на дискриминацијата“ - истакна, меѓу другото г. Мемети.

Народниот правобранител, г.Мемети своето обраќање го заврши со препорака дека, за намалување на насилството и говорот на омраза потребни се сериозни заложби и посветено работење на полето на превенцијата и сузбивање на дискриминацијата кон Ромите.

На настанот свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Франција во Македонија, г.Кристиан Тимоние, како и претставник на Министерството за образование и наука.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија