Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕТЕИ,ПРЕМИЕРОТ Г.ЗОРАН ЗАЕВ И ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ Г-ЃА УРАНИЈА ПИРОВСКА ГО ПОСЕТИЈА КПД „ИДРИЗОВО“ 11.09.2017

11.09.2017, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕТЕИ,ПРЕМИЕРОТ Г.ЗОРАН ЗАЕВ И ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ Г-ЃА УРАНИЈА ПИРОВСКА ГО ПОСЕТИЈА КПД „ИДРИЗОВО“

Народниот правобранител г. Иџет Мемети заедно со извршниот директор на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија г-ѓа Уранија Пировска во својство на Национален превентивен механизам и Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев го посетија Казнено-поправниот дом „Идризово“. Целта на посетата беше увид во состојбите во најголемиот затвор во државата.

„Потребен е сериозен пристап кон решавањето на проблемите со затворскиот систем во државата.Јас како народен правобранител веќе 12 години алармирам и барам решенија за подoбрување на катастрофалните услови, а владата искажа волја да седнеме заедно и да почнеме од корен да го менуваме овој систем. Досегашната пракса на носење акциски планови се покажа како лошо решение кое не ги даде конкретните резултати. Нема подобрување на просторно-материјалните услови, здравствениот сиситем е урнисан, отсуствуваат стручни кадри. Затоа сметам дека треба реално да им се пристапи на проблемите, од причина што не зборуваме само за условите туку зборуваме воопшто за менаџирањето во сите сегменти.“
Ова меѓу другото го рече народниот правобранител г.Иџет Мемет по oстварената посета.

Тој, исто така, потенцираше дека  во затворите има нефункционален систем на ресоцијализација кој наместо да ги дава предвидените резултати создава повратници, а од малолетниците прави криминалци, кои Воспитно-поправните домови ги заменуваат со Казнено-поправните установи.

„Условите во затворите го погазуваат човечкото достоинство.Република Македонија не е на дното, јас би рекол дека под дното кога станува збор за условите и третманот на осудените лица. Оттука се надевам дека во наредниот период со сериозен пристап ќе почнат да се подобруваат сите сегменти во затворскиот систем“, рече народниот правобранител,.г.Иџет Мемети.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија