Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО ДЕПОНИРАЊЕТО НА ОТПАДОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА„ 06.09.2017

06.09.2017, Скопје

НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО ДЕПОНИРАЊЕТО НА ОТПАДОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА„

„Општиот заклучок врз база на податоците од истражувањето за состојбата со депонирањето на сметот и правната регулатива е дека во Република Македонија депонирањето на отпадот се врши под секакво ниво, дека е супстандардно, и речиси не се почитува ниту една законска норма која се однесува на ова прашање. Од вкупниот број на општини  42 користат локални депонии за комунален и друг вид на отпад, при што ниту една не поседува интегрирана еколошка дозвола, односно не ги исполнува законските стандарди,Регионални депонии користат 14 општини, а 11 (претежно помали рурални) општини не користат локални ниту регионални депонии“.

Ова, меѓу другото, го рече заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа на прес-конференцијата на која беше презентирано посебното истражување за „Состојбата со депионирањето на отпадот во Република Македонија“.

Според Бајрамовска-Мустафа управувањето со цврстиот отпад во Македонија е неефикасно, а последиците од загадениот воздух, почвата и водата го чувствуваат сите граѓани.
 
„Загрижува појавата  посебно во помалите населени места, собраниот отпад едноставно да биде фрлен на отворен простор, а надлежните служби за тоа да не реагираат. Исто така, загрижува тоа што на исто место се меша и депонира различен вид отпад (индустриски, опасен медицински отпад и отпад од домаќинствата), а откако празниот простор се пополнува, депонијата се напушта (без никакво затворање) и се избира и експлоатира друга локација. Искрено се надевам дека ова истражување ќе биде сериозно разгледано и од страна на општините, кои во случајот се најважната алка во решавање на проблемите со управување со отпадот“. рече заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија