Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР 19.07.2017

19.07.2017, Скопје

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР

Народниот правобранител г. Иџет Мемети и Извршниот директор на Здружението Национален ромски центар од Куманово г. Ашмет Елезовски, потпишаа Меморандум за соработка за имплементирање на активностите во рамките на Проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца„ со цел размена на информации и навремено преземање мерки за заштита од дискриминација на ромските деца и нивните семејства.

Со овој проект меѓу другото ќе се придонесе за поголема промоција на институцијата Народен правобранител меѓу Ромите, но и нивно информирање и едуцирање за можностите истата да ја користат за заштита на нивните  права.
 
Според Народниот правобранител нема оправдување за појавата на дискриминацијата која во нашето општество постои. Затоа сметам дека е потребно да се работи на еден сеопфатен системски пристап за  сузбивање на оваа негативна појава.

„Во оваа прилика посебно би ја потенцирал  појавата на говор на омраза како придружник на дискриминацијата која во последен период зема се поголем замав, особено што ваков говор користат и јавни личности.Јавно ја осудувам досегашната неказнивост и премолчување на надлежните органи,  со што придонесуваат дискриминацијата и говорот на омраза да бидат се поприсутни во медиумите, а особено на социјалните мрежи.„ рече народниот правобранител г.Мемети при потпишуавњето на Мемарандумот.

Народниот правобранител упати јавен апел наместо говор на омраза и дискриминација да се промовираат толеранцијата, почитувањето и еднаквоста на човековите права на сите, особено на ранливите и маргинализираните заедници, а надлежните органи соодветно и навремено да реагираат санкционирајќи ја оваа појава, што во иднина би се превенирало и спречило нејзино ширење.


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија