Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

 ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ 18.07.2017

18.07.2017, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

„Во КПД „Идризово“ казна затвор издржуваат вкупно 1.996 осудени лица или скоро двојно повеќе од капацитетот на оваа установа. Условите не само што се далеку од предвидените стандарди, туку директно го погазуваат човековото достоинство и јасно упатуваат на понижувачкиот, нехуман и деградирачки третман. За време на посетата во приемното оддееление затекнаваме 80 лица кои спротивно на Законот, се задржуваат и повеќе од два месеци пред да бидат префрлени во соодветните одделенија. Оние кои инсистираат да бидат побрзо префрлени приморани се да плаќаат големи суми на пари. Ова се искази и на тие што платиле и на тие што чекаат, односно им било понудено да платат за да бидат префрлени“.
Ова меѓу другото го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети презентирајќи го шестиот Годишен извештај на Националниот превентивен механизам.

Според Мемети во затворите има висок степен на корупција во кој се инволвирани осудени лица и затворски службеници, од најниско па се до највисоко ниво, а се продаваат кревети, мобилни телефони, погодности и разни видови на дрога.

„Дрогата во затворите е лесно достапна, а особено загрижува фактот што наместо третмани за одвикнување, евидентен е тренд на регрутирање нови зависници. “ рече Мемети.

Според него безбедносниот и здравствениот систем не функционираат, а  нема ниту образовен систем, додека отсуството на ресоцијализацијата придонесува голем број од затворениците да станат повратници.
Тој се осврна и на состојбите во полициските станици за кои рече дека во некои од нив има несоодвтени услови за задржување на лицата лишени од слобода.

“Со жалење констатирам дека и после три години од мојата препорака да не се користат просториите за задржување во 28 полициски станици, како и одлуката на министерот три од нив да не се користат, се уште продолжува праксата на задржување на лица во тие простории. истакна народниот правобранител г.Иџет Мемети.

Во Годишниот извештај се дадени состојбите и од направените посети на местата за сместување и задржување на мигрантите како и на Јавната установа за социјална заштита „Демир Капија“.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија