Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ НА ОПШТИТЕ АКТИ НА НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГИ УСВОИ МЕРКИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФОРМИРАШЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ ОД КОСОВСКАТА КРИЗА  КОИ ОСУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ПРЕСТОЈУВААТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31.05.2017

31.05.2017, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФОРМИРАШЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ ОД КОСОВСКАТА КРИЗА КОИ ОСУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ПРЕСТОЈУВААТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

„Состојбата и предизвиците со кои се соочуваат бегалците од косовската криза, кои веќе 18 години престојуваат во Македонија и се уште се без правен статус“ беше темата на прес-конференцијата која ја одржа народниот правобранител г.Иџет Мемети.

„Овие лица живеат во тешки услови, без средства за егзистенција, без здравствена заштита, без можност за добивање на матични броеви за нивните деца, и остварување на други права. Меѓу нив има бегалци на кои Секторот за азил им издава документ со кој лицето е во фаза на суспендирано враќање.Овој документ поради бојата е наречен „жолт картон“, со кој на лицата им се одложува враќањето во матичната земја, а со што истовремено им се ограничува пристапот и остварувањето на сите права во Македонија“, истакна народниот правобранител г.Иџет Мемети.

Тој им препорача на надлежните органи да пристапат кон анализа на сите прописи од областа на азилот и привремена заштита, државјанство, упис во матичната книга на родени, стекнување со матичен број, со цел да се создадат правни претпоставки за целосна интеграција на овие лица, како и правна можност да ги уживаат правата гарантирани со домашната регулатива и меѓународните конвенции.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2018
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија