Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САД ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕКСТРЕМНОТО НАСИЛСТВО 05.06.2017

05.06.2017, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САД ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕКСТРЕМНОТО НАСИЛСТВО

Народниот правобранител, г. Иџет Mемети оствари средба со претставниците на Канцеларијата при Владата на САД одговорна за справување со екстремното насилство. Средбата беше реализирана во рамки на официјалната посета што претставниците на оваа Канцеларија ја имаат во земјата.

Во текот на едночасовниот состанок, правобранителот Мемети ги запозна гостите со работата на институцијата, нејзиниот историјат и почетоци, како и со актуелните предизвици со кои се соочува.

Народниот правобранителот, г. Мемети особено се осврна на несоодветното и ненавременото дејствување и реакција на надлежните институцие по однос на насилството, говорот на омраза, состојбата во затворите и ефикасноста на истрагите во случај на повреда на правата на задржаните лица, малолетничката деликвенција, ЛГБТИ лицата, како и потребата од соодветно и ефикасно спроведување на препораките што институцијата Народен правобранител ги изготвува.

Членовите на комисијата со особен интерес ја проследија презентацијата на народниот правобранителот и ја истакнаа важноста од постоење на ваков вид на институција за заштита на човековите слободи и права во сите развиени, демократски општества.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија