Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СТРУЧНА РАСПРАВА НА ТЕМА „ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НЕГОВОТО ОСТВАРУВАЊЕ И ЗАШТИТА“ 26.05.2017

26.05.2017, Скопје

СТРУЧНА РАСПРАВА НА ТЕМА „ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НЕГОВОТО ОСТВАРУВАЊЕ И ЗАШТИТА“

„Образованието како процес на организирано дејствување во кој се усвојуваат и пренесуваат знаења, го поттикнува развојот на способностите, стекнувањето вештини, како и формирањето и градењето на личноста, на нејзините ставови и вредности. Оттука, едно од прашањата чиј одговор треба да не води во нашите заложби е: Дали целиме кон образование кое само ќе се прилагоди на определени општествени промени, или пак сакаме образование кое воедно ќе иницира промени?

Ова, меѓудругото, го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети во своето излагање на стручната расправа што се одража на Правниот факултет „Јустинијан Први„-Скопје при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.

Тој, исто така, истакна дека не помалку битно е прашањето колку општеството вложува во образованието и како го вреднува знаењето, затоа што образованието го подигнува дигнитетот на човекот, му овозможува да изгради сопствен идентитет и цврсто да застане во одбрана на своите размислувања и ставови.

Според деканот на факултетот проф.д-р Горан Коевски правото на образованието го гарантира секоја држава, а неговиот квалитет е од голема важност за напредокот на општеството.

„Соработката со институцијата Народен правобранител е од исклучителна важност за студентите од Правниот факултет, кои преку таа соработка имаат можност да се запознаат со работата на институцијата како институција за заштита на правата на граѓаните“ истакна проф д-р Коевски.

На стручната расправа на која учествуваа заменик- народниот правобранител Васка-Бајрамовска Мустафа, како и професори од Правниот факултет, беше склучен и меморандум за соработка помеѓу двете институции.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија