Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СТУДЕНТИ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ 11.05.2017

11.05.2017, Скопје

СТУДЕНТИ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска оствари средба со студенти на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, на која ги запозна со улогата, мандатот и надлежностите на Народниот правобранител во промоција, превенција и заштита на човековите слободи и права, со посебен акцент на новите надлежности на Народниот правобранител, согласно измените и дополнувањата на Законот за народниот правобранител.

Студентите покажаа интерес за начинот на утврдување на повреда на определено право, мерките кои Народниот правобранител може да ги преземе, како и за постапувањето на органите по интервенциите на Народнио правобранител. Исто така,  студентите покажаа онстерес за начинот на заштитата на правата на ранливите групи (жени, деца, лица со посебни потреби), за правата на лицата лишени од слобода и  за заштита од дискриминација.Во тој контекст беа информирани за работата на одделот за заштита на деца и лица со попреченост, одделот за заштита од дискриминација и за Националниот превентивен механизам, во рамките на институцијата Народен правобранител.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија