Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

21.04.2017

21-23.04.2017, Битола

ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАШЕ НА РАБОТИЛНИЦА НА КОЈА СЕ ДИСКУТИРАШЕ ЗА ИЗБОРНИОТ СИСТЕМ

Преставник на Народниот правобранител учествуваше на интерактивната работилница во рамките на Програмата на Граѓанската асоцијација МОСТ „Предизвиците во изборниот процес 2016 и патоказ кон изборни реформи“, која се одржа во Битола на 21-23 април 2017 година.

На работилницата, Граѓанската асоцијација МОСТ за првпат го промовираше Извештајот произлезен од спроведувањето на проектот „Домашното набљудување на предвремените парламентарни избори“, на која учество земаа претставници од државните органи кои го спроведуваат изборниот процес, Народниот правобранител, невладините организации и меѓународните организации кои го набљудуваа изборниот процес, кои во неформална атмосфера го презентираа својот став и мислење во однос на прашањата отворени на работилницата.

Прашањата за кои се дискутираше се однесуваа на најголемите предизвици во текот на парламентарните избори 2016 и тоа: изборниот систем и избирачкиот список, изборната кампања и финансирањето на политичките партии, улогата на медиумите во изборниот процес, заштитата на избирачкото право.

Народниот правобранител го презентираше својот став дека Државната изборна комисија и на овие избори не успеа да им го овозможи остварувањето на избирачкото право на сите граѓани со право на глас, повторно укажа на дискриминацијата на лица од категоријата болни и немоќни лица, сместени во старски домови и слични установи на кои им се ускратува избирачкото право, како и констатацијата дека и овој пат Избирачкиот список остана непрочистен и голем дел од т.н. „фантомски гласачи“ се уште можеа да гласаат. Според Народниот правобранител, сите овие неправилности не се резултат на лошите законски решенија, кои секако постојано можат и треба да се надоградуваат и подобруваат,  туку напротив, констатираните неправилности најповеќе се резултат на неедуцирани и непрофесионални изборни органи или поединци кои се задолжени за спроведување на изборите.

Заклучоците кои произлегоа од дискусиите беа во насока на констатација дека на овие парламентарни избори се користени пософистицирани изборни нерегуларности во повеќе области што влијае врз изборните резултати, потребата од допрецизирање на одредби од изборниот законик, промени во составот на изборните органи, проблемот во екипирањето на Државната изборна комисија со човечки ресурски, особено во правната служба, нејаснотиите во однос на надлежноста на органот кој треба да го ажурира Избирачкиот список, финансирањето на политичките партии и неговата транспарентност останува и понатаму голем предизвик. Истовремено, се констатира и слабиот капацитет на институциите кои или не ги спроведуваат законите или пак, истите ги спроведуваат селективно и манипулативно, а заштитата на личното избирачко право објективно може да се оствари само во ретки случаи, на кој начин не се исполнува целта која со изборниот законик е предвидена.

Воведничари на интерактивната работилница беа правните експерти Беса Арифи, универзитетски професор, Насер Зибери, аналитичар и поранешен пратеник во Собранието на РМ и Андреја Стојковски, претседател на Еуротинк-Центар за европски стратегии.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија