Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА УНИЦЕФ ОД ФЕДЕРАЦИЈАТА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 11.05.2017

11.05.2017, Скопје

СРЕДБА НА ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА УНИЦЕФ ОД ФЕДЕРАЦИЈАТА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Замениик  народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа  и претставник на Националниот превентивен механизам, остварија средба со претставници на канцеларијата на УНИЦЕФ од Босна и Херцеговина и нивни соработници, со цел размена на искуства во справувањето со ранливи категории на странци - непридружувани деца и фамилии со деца.

На средбата г-ѓа Васка Бајрамовска  Мустафа ги презентираше искуствата и активностите на Народниот правобранител преземени во насока на промоција, превенција и заштата на правата на мигрантите/бегалците, со посебен осврт на ранливите категории на странци.

Исто така, на средбата стана збор и зазаложбата на  државните органи при  справувањето со бегалскиот бран, третманот и почитувањето на правата на мигрантите/бегалците, како и степенот на остварување на препораките упатени од Народниот правобранител.

Како позитивна пракса беше истакната соработката на Народниот правобранител со невладините и меѓународните организации во идентификувањето на потребите и проблемите со коишто се соочуваат ранливите категории на странци, особено непридружуваните малолетници и фамилии со деца.
Усвојувањето на Стандардните оперативни процедури за постапување со непридружувани деца-странци, беше посечен како модел кој би можел да биде прифатен и останатите земји, заради полесно и поефикасно спрувавање со оваа проблематика.  


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија