Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ЈАКНЕЊЕ НА  ДЕМОКРАТИЈАТА“ 11.05.2017

11-12.05.2017, Загреб, Република Хрватска

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ЈАКНЕЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА“

Народниот правобранител г.Иџет Мемети учествуваше на Меѓународна конференција на тема „Заштита на човековите права и јакнење на демократијата во Европа“, што се одржа во Загреб  по повод 25 години од донесувањето на Законот за народен правобранител во Република Хрватска.

На конференцијата, на која учествуваа околу 50 претставници на инстутуции за заштита на човековите права, меѓу другото стана збор и за актуелни теми како што се сузбивањето на тероризмот и слободата на говорот, а се дискутираше и за создавање на амбиент за заеднички живот на различните заедници, за почитувањето на различностите и интегративните процеси.

За време на конференцијата Народниот правобранител г. Иџет Мемети се сретна со Комесарот за човекови права на Советот на Европа г.Нилс Муижниекс. На средбата Комесарот беше запознат со состојбата со човековите слободи и права во Република Македонија, како и за предизвиците со кои се соочува институцијата Народен правобранител.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија