Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ОД БИТОЛА ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ 20.04.2017

20.04.2017, Скопје

ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ОД БИТОЛА ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Како функционира институцијата Народен правобранител? Кои се нејзините надлежности? Како Народниот правобранител ја мониторира работата на полицијата? Кој е мандатот на Нарoдниот правобранител - Национален превентивен механзиам? Ова беа само дел од темите кои беа опфатени при средбата на народниот правобранител г. Иџет Мемети и дел од тимот на Националниот превентивен механизам со студентите од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св Климент Охридски„ од Битола.

Народниот правобранител г. Мемети пред студентите ја истакна важноста на институцијата Народен правобранител како еден од контролните механизми на работата на полицијата, особено врз работата на службените лица кои имаат овластувања за користење на средства за присилба, додека пак, тимот на Националниот превентивен механизам подробно ги запозна со работењето на Националниот превентивен механизам како еден од важните сегменти во превенцијата од тортура.

Студентите се интересираа за начините на водењето на постапките кај Народниот правобранител, како и за начините на спроведување истраги и посети од страна на Националниот превентивен механизам. Тие имаа можност да се запознаат сo методологијата на работа на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам и во таа насока неговата соработка со Секторот за внатрешна контрола при МВР, како и да слушнат конкретни примери од праксата.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија