Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. КАРЛО РОМЕО 13.04.2017

13.04.2017, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. КАРЛО РОМЕО

Народниот правобранител, г. Иџет Mемети оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, г. Карло Ромео. На средбата амбасадорот беше запознаен со работата на институцијата, како и со актуелните предизвици со кои таа се соочува.

Правобранителот, г. Мемети особено се осврна на историјатот на институцијата, начинот на кој се работи по претставки, како и на областите за кои најмногу граѓаните и се обраќаат на институцијата. Дополнително се осврна на новите надлежности што институцијата ги доби со новиот Закон за народниот правобранител од септември 2016 година.

Двајцата соговорници се согласија дека од исклучителна важност е да се обезбеди континуирана и силна поддршка на институцијата, земајќи ги предвид обврските што институцијата ги добива со новиот закон.
 
Амбасадорот истакна дека Република Италија и понатаму ќе продолжи да биде сојузник на институцијата, како клучна алатка за обезбедување заштита на човековите права и слободи.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија