Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

УЧЕНИЦИ ОД ПОВЕЌЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ 20.04.2017

20.04.2017, Скопје

УЧЕНИЦИ ОД ПОВЕЌЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Ученици од повеќе средни училишта од Скопје во рамките на проектот „Учиме право“, кој го спроведува Младинскиот образовен форум (МОФ) ја посетија канцеларијата на народниот правобранител. Во разговор со народниот правобранител г. Иџет Мемети тие се запознаа со работата на институцијата, поточно со нејзината поставеност и надлежностите, како и за начинот на постапување по претставките поднесени од граѓаните.

Зборувајќи за значењето на човековите слободи и права народниот правобранител посебно ја потенцираше улогата на институцијата како независен контролен махнизам чија основна задача е заштита на правата на граѓаните, како и следење на општите состојби со почитувањето на истите. Средношколците осебено се интересираа за начинот на кој Народниот правобранител ги  води постапките, како и за можностите кои му стојат на располагање во заштитата на правата на граѓаните.

Народниот правобранител г. Иџет Мемети ги запозна учениците со мандатот и работата на Народниот правобранител, Национален превензивен механизам, како и со новите надлежности кои институцијата ги доби со последните измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител, како што се можностите за промоција на човековите слободи и права и мандатот на Народниот правобранител како пријател на судот и на обвинителството.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија