Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

18.04.2017

07.04.2017, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОВЕЌЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Народниот правобранител на Република Македонија г.Иџет Мемети на, 7-ми април, 2017 оствари средба со претставници на Меѓународната организација „Доктори без граници“ (МСФ), и тоа г-ѓа Андреа Контента, хуманитарен офицер во регионалната канцеларија во Белград, г-ѓа Силвија Митевска, претставник на МСФ во Република Македонија и г-ѓа Мерсиха Смаиловиќ, преставник на НВО „ЛЕГИС“.

На средбата беа презентирани целокупните активности што Меѓународната организација „Доктори без граници“ (МСФ) ги презема во давањето на здравствена заштита, а особено беа презентирани податоци за работата и начинот на функционирање на Клиниката за мигранти која е отворена во Белград - Република Србија. Беше истакнато дека во оваа клиника дневно пристигнуваат и бараат здравствена заштита голем број бегалци кои транзитирале низ Република Бугарија и Република Македонија, кои честопати претрпеле некој вид насилство од страна на службени лица вработени во полиција, или од страна на други криминални структури. Со цел прибирање на точни и релевантни податоци (МСФ) во наредниот период ќе се фокусира на документирање на  насилството, односно повредите на правата на бегалците/мигрантите кои се засилија со затворање на границите и со повторното заживување на илегалните преминини долж „Балканска рута“.

Во текот на средбата, Народниот правобранител ја извести Делегацијата за мандатот на Националниот превентивен механизам во чии марки се вршат редовни и вонредни посети на местата на задржување, поточно во прифатните транзитни центри Табановце и Винојуг, Прифатниот центар за странци-Гази Баба и Прифатниот центар за баратели на азил –Визбегово.

Народниот правобранител истакна дека тимот на НПМ се соочува со голем притисок и попречување на работата од страна на Министерството за внатрешни работи.Конкретно го посочи случајот од 04.04 2017,кога при ненајаваната посета од страна на тимот на НПМ во Прифатниот центар за странци-Гази Баба пронајде пет лица –сириски државјани кои неколку часови биле држени во заклучена просторија во Центарот, без пристап до храна, вода, без да им се овозможи контакт со надворешниот свет, а при што во регистерот воопшто не било евидентирано нивното присуство.Тимот на НПМ веднаш укажа на Управителот на центарот дека задржаните лица веднаш трееба да бидат пуштен.По интревениција лицата беа ослободени.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија