Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2016 ГОДИНА 30.03.2017

30.03.2017, Скопје

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2016 ГОДИНА

Народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес –конференција го презентираше Извештајот за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2016 година.

„Во извештајната година постапивме по 4.718 случаи, од кои во извештајниот период беа примени 3.775 претставки, а 37 беа отворени по сопствена иницијатива. Во предметното постапување, констатиравме 1.523 повреди на човековите слободи и права, а од нив во 1.358 случаи беа прифатени интервенциите. Ова, за жал, не е случај со препораките за констатираните слабости за општите состојби за кои изготвивме голем број на посебни извештаи, а по кои надлежните не постапуваат“, рече на своето излагање народниот правобранител.

„Со жалење ве информирам дека во истиот не се констатирани позитивни промени, туку напротив, констатирам стагнација, а во некои области и назадување, што се потврдува и со зголемениот број на констатирани повреди на човековите слободи и права, за четири проценти.

Имавме и се уште имаме крајно исполитизирани и нефункционални институции, а некои од нив спроведуваа и партиски агенди, полициско непрофесионално и брутално постапување, прекумерна употреба на сила на затворската полиција спрема осудени лица и отсуство на системска здравствена заштита во казнено поправните установи, недостатоци на пензискиот систем со штетни последици по осигурениците, необезбедени средства за исплата на права од социјална заштита, повреда на правото на вработување на лицата со попреченост, незаконско депортирање на бегалците, противзаконско утврдување и наплата на радиодифузната такса и вода, противзаконско оданочување на граѓани, како и непрофесионалност во работата на изборните органи“ истакна меѓу другото г. Мемети на денешната прес- конференција по повод Годишниот извештај за 2016 година.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија