Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

„ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ЛЕЌИТЕ НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“ ТЕМА НА КОЈА ЗБОРУВАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ 24.02.2017

24.02.2017, Скопје

„ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ЛЕЌИТЕ НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“ ТЕМА НА КОЈА ЗБОРУВАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ

Народниот правобранител г. Иџет Мемети се обрати на Националниот семинар насловен како „Децата со попреченост во Македонија низ леќите на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост„
„Нашата посветеност и грижа за овие лица, пред се, е поради тоа што станува збор за деца кои не умеат сами да се заштитат и кои поради попреченоста често не се прифаќаат и се исклучуваат од општеството. За жал, нашите истражувања, потврдуваат дека тоа што е направено кај нас не е доволно и овие лица се уште се далеку од реалното остварување на правата кои им ги гарантираат Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост“, истакна Мемети во својот воведен говор.

Според народниот правобранител, Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, како и Конвенцијата за правата на детето го застапуваат холистичкиот пристап, односно содржина која се однесува на целокупниот живот на човекот, неговите права и слободи од секој аспект, па во тој контекст се разбираат и правата на детето со посебни потреби.

„Меѓутоа, иако, Конвенцијата во фокусот го поставува лицето со попреченост и ги дава основните начела врз кои државата треба да ги креира политиките во насока на остварување и почитување на правата и слободите на лицата со попреченост, во пракса состојбата со остварувањето на правата не е соосдветна со начелата пропишани во Конвенцијата или во законите.Имено, најголем дел од децата со попреченост се уште се соочуваат со големи потешкотии во пристапот до соодветни и квалитетни услуги, а со тоа и во остварувањето на загарантираните права и слободи,“ рече Мемети.

Инаку, Националниот семинар беше организиран во рамките на проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ финанисиран од Европската Унија и ко-финансиран и имплементиран од УНИЦЕФ.


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија