Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • 03.03.2017

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОДРЖА ДВОДНЕВЕН ТЕМАТСКИ СОСТАНОК НА ТЕМА: УЛОГАТА НА ОМБУДСМАНОТ ВО ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ/МИГРАНТИ, СО ПОДДРШКА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА “SAVE THE CHILDREN” 14.12.2016

14–15.12.2016, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОДРЖА ДВОДНЕВЕН ТЕМАТСКИ СОСТАНОК НА ТЕМА: УЛОГАТА НА ОМБУДСМАНОТ ВО ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ/МИГРАНТИ, СО ПОДДРШКА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА “SAVE THE CHILDREN”

„Зборуваме за ранлива категорија граѓани кои иако се само деца, го почувствувале стравoт и ужасот на војната, кои прогонувани и дискриминирани биле принудени да ги напуштат своите огништа и да тргнат на пат полн со неизвесност и несигурност, во потрага по безбедно и посигурно место за живеење. Политиките и активностите што ги преземаа државите како одговор на оваа бегалска криза јасно ја отсликаа немоќта да менаџираат и координираат со бегалскиот бран преку целосно почитување на меѓународните обврски, обезбедувајќи хуман и достоинствен третман на овие лица. Во такви услови на непочитување на фундаменталните човекови права наша обврска беше гласно да говориме за тоа и да бараме од властите политиките и законите да бидат прилагодени, односно да одговараат на инструментите за заштита на детето, посебно на Конвенцијата за правата на детето, хуманитарното и бегалското право.“
Ова, меѓу другото, го истакна народниот правобранител г.Иџет Мемети во својот поздравен говор на отворањето на дводневниот тематски состанок што се одржа на 14 и 15 декември во хотел Арка – Скопје, во организација на канцеларијата на Народниот правобранител, поддржан од организацијата “Save the children”.

На состанокот учествуваа државите членки на CRONSEE – мрежата на детски Омбудсмани, и тоа: Македонија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Романија, Словенија, Бугарија, Албанија, Косово, Република Српска и Босна и Херцеговина и притоа констатираа дека е потребно преку взаемно дејствување да се влијае врз државите во насока на обезбедување хуман и достоинствен третман на децата бегалци/мигранти.

Свое излагање на настанот имаше и заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, која што истакна дека според податоците од надлежните органи во периодот од почетокот на кризата во 2015 година до крајот на годината над 18.000 непридружувани деца влегле на територијата на РМ, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил. Прашањето е што е преземено за нивна заштита, затоа што се работи за деца без родители, без членови на најблиските (непридружувани деца), за кои државата има обврска да ги задржи и да им ја обезбеди потребната грижа сè до пронаоѓање на семејството? Каде се овие деца, кој им дозволил заминување т.е. напуштање на територијата на РМ, и дали е тоа некаде евидентирано?

Заменик народниот правобранител г-ѓа Бајрамовска-Мустафа исто така потенцираше дека дури и да се претпостави дека истите илегално ја напуштиле државата повторно се поставува прашањето како е тоа можно, односно кој го дозволил тоа, затоа што согласно стандардните оперативни процедури на овие деца веднаш треба да  им се назначи старател, кој во вакви случаи всушност треба да се грижи за нив како родител, а кој во моментот го немаат, односно не е со нив.

Инаку, од увидот во безбедносната куќа извршен за потребите на овој тематски состанок констатирано е дека непридружуваните деца сега се сместени во безбедносната куќа заедно со другите категории лица во ризик. Притоа, г-ѓа Бајрамовска-Мустафа нагласи дека како институција, се залагаат со децата бегалци кои стигнаа без придружба на родители во Македонија да се постапува согласно оперативните стандардни процедури кои се донесени во ноември 2015 година.

Некои од заклучните согледувања на состанокот беа дека Омбудсманите за деца од регионот ќе продолжат со редовно меѓусебно споделување информации, искуства и добри практики, со цел координирање на активностите и придонесување кон поефикасна заштита на децата-бегалци и мигранти, проактивно ќе ја следат состојбата и ќе продолжат да реагираат без оддолжување во однос на секакви сомневања за злоупотреба на правата на децата, ќе продолжат да ги промовираат правата на децата бегалци/мигранти и да се залагаат како прво и основно да се сметаат за деца и да ги уживаат сите права што им ги гарантира Конвенцијата за правата на детето, но пред се, сите активности кои се однесуваат на нив да произлегуваат од најдобриот интерес на детето.


Пребарување

Кaлендар на настани

април 2017
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија