Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СЕ СРЕТНА СО ШЕФОТ НА НАБЉУДУВАЧКАТА  МИСИЈА НА ОБСЕ/ОДИХР Г-ЃА ТАНА ДЕ ЗУЛУЕТА 29.11.2016

29.11.2016, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СЕ СРЕТНА СО ШЕФОТ НА НАБЉУДУВАЧКАТА МИСИЈА НА ОБСЕ/ОДИХР Г-ЃА ТАНА ДЕ ЗУЛУЕТА

Народниот правобранител г .Иџет Мемети оствари средба со шефот на набљудувачката Мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните предвремени парламентарни избори  г-ѓа Taна Де Зулуета, на која стана збор за улогата и мандатот на Народниот правобранител во поглед на заштитата на избирачкото право.

Посебен акцент на средбата беше ставен на мандатот, од аспект на заштита на избирачкото право. Народниот правобранител г.Мемети информираше за искуството од претходните изборни циклуси, функционирањето на бесплатната телефонска линија, како и за директните обраќања на граѓаните во канцелариите на Народниот правобранител. Имено, тој потенцираше дека голем проблем е правната регулатива, лошото спроведување на изборниот законик, но пред се лошата комуникација на релација Државна изборна комисија, Министерство за внатрешни работи кога станува збор за ажурирањето на податоците во избирачкиот список.

Тој, исто така, нагласи дека многу е тешко да се обезбеди квалитетна истрага, а со тоа и ефикасна заштита на избирачкото право, особено кога станува збор за пријавите на заплашување и притисоци врз гласачите. На средбата стана збор и за забелешките кои институцијата Народен правобранител ги има дадено до надлежните институции, особено во делот на ажурирањето на избирачкиот список, а кои имаат за цел подобрување на изборниот процес, како и надминување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните кога станува збор за остварување на избирачкото право.

Имено, според народниот правобранител државата/институциите, поточно Државата изборна комисија е таа која треба да им го обезбеди уставно загарантираното право на сите граѓани, преку квалитетно водење на избирачкиот список, а не истите да ги препраќа од институција до институција.

Двајцата соговорници се согласија за важноста од одржување на регуларни, фер и демократски избори.
   

Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија