Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ЈА ОТВОРИ ИЗЛОЖБАТА СО НАСЛОВ „СЛОВАКОТ КОЈ ДАДЕ НАДЕЖ ЗА СЛОБОДА“ ОРГАНИЗИРАНА ПО ПОВОД 95 ГОДШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА АЛКЕСАНДАР ДУБЧЕК 28.11.2016

28.11.2016, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ЈА ОТВОРИ ИЗЛОЖБАТА СО НАСЛОВ „СЛОВАКОТ КОЈ ДАДЕ НАДЕЖ ЗА СЛОБОДА“ ОРГАНИЗИРАНА ПО ПОВОД 95 ГОДШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА АЛКЕСАНДАР ДУБЧЕК

„Денешното одбележување на годишнината од раѓањето на Александар Дубчек, е повод да се потсетиме на личноста, делата и улогата на човекот кој во ерата на доминацијата на Советскиот Сојуз во Источна Европа одигра значајна улога, особено во периодот на политичката либерализација по Втората светска војна. Од истакнат политичар со визија за политичка еманципација и со определба да се бори за демократијата, ризикувајќи го дури и својот живот, тој прерасна во најпознат словачки политичар на сите времиња, како на локално, така и на меѓународно ниво.“

Ова, меѓу другото го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети на отворањето на изложбата насловена како „Словакот кој даде надеж за слобода“, што по повод 95 годишнината од раѓањето на Александар Дубчек беше организирана во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

„Различната природа на двата система во кои тој играше активна улога ги одреди различните методи преку кои тој се обидуваше да ја олесни демократизацијата на земјата. Првата фаза беше советскиот модел на социјализам, а втората при трансформацијата на Чехословачка во западен тип на демократија по падот на комунизмот. Тој беше дел од јавниот живот како левоориентиран политичар со социјалдемократски идеи. Тој, исто така, одигра важна улога на меѓународен план, промовирајќи платформа на демократски социјализам согласно европската социјалдемократија. Борбата за демократија и хуманизам, како и европското обединување во заеднички дом, се двете главни завештанија на Дубчек за современиот свет“, рече  г.Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка на отворањето на изложбата.

Инаку, изложбата, која опфаќа фотографии од неговиот живот и написи за неговиот активизам во најдраматичните настани во Европа, ја организираше Амбасадата на Република Словачка во Македонија.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија