Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА 11-тата СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ОМБУДСМАН ИНСТИТУТ „ЕВОЛУЦИЈА НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ“ 13.11.2016

13-20.11.2016, Бангкок, Тајланд

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА 11-тата СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ОМБУДСМАН ИНСТИТУТ „ЕВОЛУЦИЈА НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ“

Народниот правобранител г. Иџет Mемети учествуваше на 11-тата меѓународна конференција на Меѓународниот Омбудсман Институт, под наслов „Еволуција на Омбудсман институциите“, што се одржа во Бангкок, Тајланд. Настан од ваков вид Институтот организира секоја четврта година,  а оваа година во фокусот на Конференцијата беше развојот на Омбудсман институциите низ светот и предизвиците со кои истите се соочуваат.

Конференцијата претставуваше форум на кој Омбудсман институциите од целиот свет на сликовит начин ја објаснија состојбата со почитувањето и остварувањето на човековите права во своите земји и околностите под кои институциите за заштита на човековите права од ваков вид функционираат.

Раководството на Институтот ја искористи оваа пригода, па на засебни состаноци ги избраа идните членови на Управниот одбор, како и новиот претседател на (ИОИ). За нов претседател беше назначен г. Питер Тиндал, Омбудсман на Република Ирска.

Наредната конференција на ИОИ од ваков вид ќе се одржи во 2020 година во Даблин, Република Ирска.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија