ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

17.12.2019, МОСКВА, РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на годишната меѓународна конференција во организација на Високиот комесар за човекови права на Руската Федерација, што се одржа во Москва на 17 декември.

На конференцијата се дискутраше за правата на граѓаните во Евроазискиот регион, како и состојбата со заштитата на мигрантите, бегалците и лицата без државјанство. На конференцијата, меѓу другото стана збор и за начинот на кој функционираат механизмите за мониторинг, како и проблемите и предизвиците со кои истите се соочуваат.

На крајот од работниот ден се усвои Резолуција посветена на заштитата на правата на лицата од Евроазискиот регион со фокус на размената на информации и најдобри пракси помеѓу Омбудсман институциите од регионот, како и заедничко дејствување и спроведување на заеднички активности во насока на заштита на човековите права и слободи.

На конференцијата учествуваа земји од Европа и Азија, како и претставници на меѓународни тела како Совет на Европа, Меѓународниот омбудсман институт, Европската мрежа на Национални институции за човекови права.