ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈА „ВЕНЕЦИСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ“

10.12.2019, НИКОЗИЈА, КИПАР

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на Конференција во организација на Асоцијацијата на омбудсманите на Медитеранот (АОМ), Советот на Европа и Комесарот за администрација и заштита на човековите права на Кипар, што се одржа во Никозија.

Во присуство на голем број претставници на омбудсман институции на повеќе држави, беа презентирани Принципите за заштита и промоција на институциите Народен правобранител „Венециски принципи“, донесени на 118-та пленарната седница одржана во Венеција, Италија на 15-16 Март 2019 година, одобрени од Комитетот на Министри на 1345-от Состанок на министри одржан во Стразбур, Франција на 2 мај 2019 година.

Говорниците на Конференцијата, информираа дека врз основа на коментарите на членовите на Комисијата г-ѓа Лидие Ер од Луксембург, г.Јан Хелгесен од Норвешка, г.Јохан Хиршелдт Шведска и г.Јорген Штен Соренсен Данска, како и г. Игли Тотозани експерт од Албанија, утврдени се принципите на институцијата Народен правобранител, во писмена форма. Овие принципи и правила, треба да бидат основа за тоа како треба да биде уредена институцијата Народен правобранител, начинот на избор, именување и разрешување на народниот правобранител, неговиот мандат, задржувањето на независноста на институцијата и сл.