ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА НАЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (ЕННХРИ)

13-14.11.2019 Г. БРИСЕЛ, БЕЛГИЈА

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на Генералното собрание на Европската мрежа на Национални институции за човекови права (ЕННХРИ), што се одржа во Брисел на 13 и 14 ноември 2019 година.

Во присуство на голем број претставници на Националните институции за човекови права, раководството на ЕННХРИ информираше за постигнатите резултати во текот на 2019 година, реализираниот буџет, предизвиците со кои Мрежата била соочена во текот на годината, но информираше и за активностите предвидени во 2020 година, како и статусот на реализација на тековните проекти и оние доставени на одобрување. Во рамки на Генералното собрание се избраа новите членови на финансискиот комитет на Мрежата.

Генералното собрание, воедно, опфати работа во групи со цел размена на идеи за идно дејствување на мрежата, а воедно, организираше и еднодневна работилница на тема: Спроведување на економските и социјални права во Европа и улогата на Националните институции за човекови права во тој процес.