ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ЧЕТВРТАТА СРЕДБА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА КОСОВО, АЛБАНИЈА И РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

01-02.12.2021, ПРИШТИНА, РЕПУБЛИКА КОСОВО

„Ситуацијата со пандемијата посебно мерките кои ги носат Владите, а кои се однесуваат на вакцинацијата на граѓаните, и нивната корелација со човековите слободи и права, независноста на институциите за човекови права, соработката со Парламентите, како и со граѓанските организации“, беа главните теми на четвртиот состанок на омбудсманите на Република Северна Македонија, г. Насер Зибери, на Република Косово, г. Наим Ќелај и на Република Албанија, г-ѓа Еринда Баланца, која се одржа на 1.и 2. декември во Приштина.

На состанокот, обудсманите остварија и средба со претставници на невладините организации, од која беа донесени повеќе заклучоци, а кои се однесуваат на меѓусебната соработка на омбудсман институциите и невладините организации.

Во таа насока, меѓу другото, беше заклучено дека е потребно вклучување на граѓанското општество во идентификување на проблемите со почитувањето и остварувањето на човековите слободи и права дека, овие организации се партнери на омбудсман институциите и дека нивната соработка треба да се зајакне.

Народниот правобранител, г. Зибери и неговите колеги - омбудсмани имаа средби со претседателката на Косово, г-ѓа Вјоса Османи и со претседателската на Уставниот суд на Република Косово, г-ѓа Греса Цака Нимани.

За време на дводневниот престој во Р.Косово, омбудсманите ја посетија и ликовната изложба со налслов „Никогаш да не се повтори“, посветена на децата жртви на воениот конфликт на Косово, поставена во Библиотеката „Фивзи Сулејмани“ во Приштина.