ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СО НЕГОВИОТ КОЛЕГА ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА Г.ШЕРЕФ МАЛКОЧ

03.07.2021, СКОПЈЕ

Народниот правобранител г. Насер Зибери оствари средба со неговиот колега, омбудсманот на Република Турција г. Шереф Малкоч.

Двајцата соговорници се согласија дека пандемијата влијаеше врз соработката на билатерално, на регионално и на меѓународно ниво и изразија надеж дека во иднина работите ќе се променат и дека истата ќе се интензивира. Размената на искуства,како преку посети на вработените, така и преку организирање на работилници со вклучување на експерти од одредни области придонесува за подобрување во работата на институциите, истакнаа двајцата омбудсмани.

Исто така, тие ја оценија досегашната соработка помеѓу двете институции како одлична, со можност за нејзино интензивирање и продлабочување.

На средбата стана збор, за влијанието на пандемијата врз правата на граѓаните, посебно на ранливите категории-децата, лицата со попреченост, оние во социјален ризик како и на лицата со ниски примања.

Народниот правобранител г. Зибери го информираше својот колега г.алкоч дека пандемијата влијаеше врз бројот на претставките, кој минатата година беше намален речиси за една третина, а дека покрај заштитата, институцијата ги следеше и анализираше сите прописи и мерки донесени од страна на Владата и дека до надлежните институции за одредени мерки испраќаше препораки и мислења со цел заштита на правата на граѓаните. Тој посебно ја потенцираше онлајн наставата која не ги даде очекуваните резултати, како и финансиската помош за средношколците, студентите и за лицата со ниски примања.