ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, Г. НАСЕР ЗИБЕРИ МЕЃУ СТУДЕНТИТЕ И КАДАРОТ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ НА УЈИЕ

20.12.2021, СКОПЈЕ

Во рамките на практичните програмски цели на предметот: Управно право во организација на Проф. Др. сц. Јетон Шасивари, на 20 декември 2021 година, Народниот Правобранител на РСМ, г. Насер Зибери, пред студентите по право од сите студиски години во Кампусот на УЈИЕ во Скопје, одржа практично предавање на тема: „Практичните аспекти на функционирањето на Народниот Правобранител на РСМ“, фокусирајќи се на правната рамка на организацијата и практичното функционирање на оваа уставна институција многу важна за заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот во нашата држава. Практичното предавање на Народниот Правобранител г. Зибери предизвика голем интерес кај студентите што се покажа преку бројните прашања поставени од студентите.

Поздравни зборови во оваа пригода упати и Деканот на Правниот Факултет, Проф. Др. сц. Аднан Јашари, кој го подвлече посебното значење на ваквите практични предавања за стручното правно образование на нашите студенти.

Народниот Правобранител, г. Зибери беше пречекан и од Директорот на Кампусот на УЈИЕ во Скопје, Проф. Др. сц. Веланд Рамадани.

Ваквите практични предавања на раководителите на клучните уставни институции имаат за цел, меѓу другото, да ги доближат идните правници до практичните концепти и предизвици на функционирањето на уставниот и правниот поредок на РСМ.